Кристијано Роналдо без ниту еден постигнат гол го заврши настапот на рекордното шесто Европско првенство за него. Португалската ѕвезда остана разочарана откако не успеа да ја одведе својата репрезентација во полуфиналето.
Роналдо погоди во пенал-рулетот на кој од сите изведувачи промаши само Жоао Феликс и тоа беше доволно за Португалија да биде елиминирана. По завршување на пеналите, Роналдо и Пепе кој играше 120 минути на 41 година, во заедничка прегратка отпоздравија до навивачите, за последен пат на ЕП.
https://twitter.com/i/status/1809343538406072500
Франција на пенали немше победено во последните 26 години. Последен пат во четвртфинале против Италија во СП 1998 година се радуваа. Потоа губеа од Италија во финалето на Мундијалот во 2006 година, пред три години од Швајцарија беа елиминирани во осминафиналето на ЕП, а пред неполни две години во финалето на Мундијалот во Катар загубија од Аргентина.
Сега конечно алските петли се израдуваа и го испратија Роналдо во историјата на ЕП. Целата пенал драма може да ја видите ТУКА.