Дилемите решени зошто немаше пенал за Германија против Шпанија (Фото)

Домаќинот на Европското првенство, Германија го заврши настапот во четвртфиналето, откако по 120 минути борба загуби од Шпанија со 1:2. Германците се спасија од пораз со гол во 89 минута и се изборија за продолженија.

Во дополнителните 30 минути Германија прими гол во 119 минута и загуби, но пред тоа имаше ситуација која за многумина беше сомнителна. Во 105 минута Џамал Мисијала шутираше од далечина, топката удри во раката Марк Кукуреља, а судијата Ентони Тејлор не досуди пенал.

Многумина очекуваа да има пенал, но арбитарот не досуди ништо, а сега стигна и објаснување зошто немало пенал за Германија. Непосредно пред Мусијала да шутира, Никлас Фулкруг играл со рака, а потоа нападот продолжи, па дојде шансата за Германија, по која Кукурелја играше со рака.

Спорната ситуација за која стигна објаснување може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести