Микел Мерино е херојот на Шпанија, кој со гол во 119-тата минута ја донесе победата над Германија и пласманот во полуфиналето. Голот го прослави со трчање околу корнер знаменцето, а пред 33 години на истиот стадион во Штутгарт на ист начин прославуваше и неговиот татко Анхел.
Анхел Мерино настапуваше за екипата на Осасуна, а во меч од второто коло на Купот на УЕФА постигна гол против Штутгарт на гостински терен за водство на неговата екипа од 0-2. Неговата прослава од октмври 1991-вата сега беше инспирација за неговиот син Микел, кој со голот е херој на Шпанија.
«Ha marcado Merino» τότε,
«Ha marcado Merino» τώρα.Ο υιός Μερίνο σκόραρε στο ίδιο γήπεδο και πανηγύρισε με τον ίδιο τρόπο, όπως είχε πράξει ο πατέρας του 33 χρόνια πριν. Μοναδικό! pic.twitter.com/YYBnnz1Vn5
— Vassilis Vassiliou (@billiouu) July 5, 2024