Највозрасниот фудбалер кој некогаш настапил на Европско првенство, но и еден од најдобрите дефанзивци во историјата, Пепе, остана без клуб, но нема намера да ја заврши кариерата.
41-годишниот фудбалер се уште игра во одлична форма, а тоа го покажа и на Европското првенство во Германија, но сепак Порто одлучи да не му го продолжи договорот, па сега тој е слободен да бара клуб, иако се уште нема најави каде би можел да ја продолжи кариерата.
Пепе во својата кариера освен за Порто, настапуваше и за Маритимо, Реал Мадрид и Бешикташ. Дресот на Португалија го носеше на 141 натпревар, на кои постигна осум погодоци.