Излегоа квотите за Шпанија – Франција, кој ќе игра во финалето на ЕП?

Дуелот на Шпанија – Франција во вторник за многумина е финале пред финале на Европското фудбалско првенство во Германија, и со нетрпение ќе се чека нивната битка во Минхен.

Брзо откако се дозна дека тоа ќе биде првиот полуфинален пар на ЕВРО 2024, Sport Life ги објави квотите кои ги одредија букмејкерите за овој меч.

Според коефициентите за конечен тип, многу благ фаворит е Шпанија, за чија победа квотата е 2.70, додека за победа на Французите и за нерешено е 2.95. Слично беше и со дуелот на Црвената фурија со Германија, кој Шпанците го добија со 2-1 со гол во претпоследната минута од продолженијата.

Шпанија е фаворит за пласман во финалето. За денешните два меча, фаворити за место во полуфиналето се Англија и Холандија.

Секако во Sport Life може да се обложите и на тоа кој ќе биде европски првак. Најголеми шанси им се даваат на Шпанците, па на Французите, а третата најмала квота е за Англија.

- Оглас -

Најнови вести