Поранешниот тренер, а сега аналитичар на националната телевизија на БиХ, Амар Осим, даде интересна изјава во врска со спорниот момент од 107-мата минута на средбата Шпанија – Германија, кога топката го удри Марк Кукуреља во раката, и многумина веруваа дека тоа мора да биде пенал за Германците.
Но, Ентони Тејлор не досуди пенал и покажуваше дека раката на Шпанецот била во природна положба до телото.
Судиите во ВАР собата не реагираа, а од УЕФА подоцна објаснија дека непосредно пред Мусијала да шутира, Никлас Фулкруг играл со рака, а потоа нападот продолжи, па дојде шансата за Германија, по која Кукурелја играше со рака.
„Тој е познат судија, да видеше повторена снимка гарантирам дека ќе размислуваше поинаку. Им покажуваше на играчите дека раката била до телото, но не беше така. Раката е одвоена од телото за повеќе од половина метар, тоа е природна положба на раката, ама за еден револвераш. Топката оди кон гол, Кукурелја е пред голманот, што е ова ако не ширење на телото, ненамерно се разбира. Судијата веројатно во потсвеста беше под впечаток дека им помогна на Германците со тоа што не го санкционираше Крос со жолт картон по фаулот над Педри“, рече Осим.