Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол на ЕП 2024 година со што ќе станеше најстар стрелец во историјата на континеталните турнири. Португалија загуби во четвртфиналето од Франција на пенали, а Роналдо најави дека не планира да се повлече од националниот дрес, иако веќе има 39 години.
„Сите сакавме повеќе од ова ЕП. Заслуживме повеќе. За секој од нас, за Португалија. Сигурен сум дека се тоа што сме оставиле во наследство ќе биде ценето и дека сите заедно ќе продолжиме да го доградуваме“, порача Роналдо преку својот Инстаграм профил.
Роналдо стана првиот фудбалер кој играл на шест европски првенства, а сега негова следна цел сигурно е да настапи и на Мундијалот кој за две години ќе биде во САД, Мексико и Канада.