Холандија се пласираше во полуфиналето: Лалињата „расцутија“ во второто полувреме против Турција (Видео)

Холандија ја победи Турција со 2:1 и се пласираше во полуфиналето на Европското фудбалско првенство. Следен противник на популарните Лалиња ќе биде Англија, која вечерва во полуфиналето се пласираше откако на пенали ја победи Швајцарија.

Турција се покажа како достоен противник на Холандија, но на крајот фаворитот се радуваше.

Акајдин во 35 минута со својот прв погодок во репрезентативниот дрес донесе голема радост за Турција и водство од 1:0.

Холандија во вториот дел тргна на се или ништо и тоа им се исплатеше. Во период од 70 до 76 минута, Лалињата постигнаа два гола, па негативата ја претворија во позитива од еден погодок.

Де Вриј со глава донесе израмнување на 1:1 во 70 минута, а потоа продолжија да напаѓаат.

Играчот кој блеска на ова ЕП, Гакпо донесе радост за 2:1, погодок кој на крајот се покажа како клучен за пласман на Холандија во полуфиналето на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести