Холандија со пресврт во второто полувреме ја победи Турција и се пласираше во полуфиналето на ЕП. Мечот изобилуваше со возбудувања, а на крајот Лалињата се радуваа.
Низ Берлин во текот на целиот ден имаше илјадници навивачи на двата тима и се беше мирно до завршување на дуелот. По крајот на средбата, фановите на двете селекции се испотепаа во Берлин, но за среќа брзо реагираше обезбедувањето и полицијата.