Шишето за вода „му кажа“ на Пикфорд каде ќе шутира Аканџи!

Англискиот голман Џордан Пикфорд, кој му одбрани пенал на Мануел Аканџи, и тоа се покажа како клучен момент во пенал серијата против Швајцарија во четвртфиналето на Европското првенство, имаше „дојава“ каде ќе шутираат Швајцарците и тоа запишана на шишето за вода.

Пикфорд ја прочита намерата на Аканџи, а откриено е и како. Фотографите на стадионот во Дизелдорф го снимија шишето со вода на Пикфорд и се гледа дека на него се напишани имињата на швајцарските играчи, како и каква акција треба да преземе голманот против секој од нив. Кај Аканџи, „препораката“ за Пикфорд е да се фрли лево, тој го направи тоа, одбранувајќи го ударот на Швајцарецот.

Англискиот чувар на мрежата ги инструкциите и за други двајца, но не им ги одбрани шутевите. Само во пеналот на Фабиен Шер, Пикфорд не го исполни планот од неговото шише и наместо лажен потег десно, па фрлање на лева страна, тој го направи спротивното, и прими гол.

- Оглас -

Најнови вести