Кога почнаа калкулациите, мечевите станаа „бетон“: На 18 од последните 24 средби немаше повеќе од два гола

Европското фудбалско првенство се ближи кон својот крај. Останаа само најдобрите четири селекции во борба за трофејот. Шпанија против Франција во првото полуфинале и Англија против Холандија во втората полуфинална пресметка.

Според прикажаното, на двете полуфинални средби не би требало да очекуваме многу возбудувања и голови, барем ако се погледне какви беа резултатите на ова ЕП. Во првите две кола, селекциите играа поотворено, имаше повеќе погодоци, но кога дојде третото коло, кое решаваше за пласманот на табелата, започнаа калкулациите.

Малку погодоци, малку шанси, а речиси сите репрезентации беа фокусирани на резултатот, па немаше ни многу возбудувања. Во третото коло од групната фаза се одиграа 12 меча, а на дури 10 немаше повеќе од два гола. Само Австрија со 3:2 што ја победи Холандија и Турција што славеше со 2:1 над Чешка, беа 3+ голови.

Трендот да има малку погодоци продолжи и во нокаут фазите. Во осминафиналето на пет од осумте средби имаше од 0-2 гола, додека во четвртфиналето три од четирите дуели беа со 0-2 погодоци. Тоа значи дека на 18 од последните 24 натпревари одиграни на ЕП во Германија немаше повеќе од два гола.

Ако се гледа статистички, досега вкупно се постигнати 108 погодоци, односно во просек по 2,25 на меч. По интервали, најмногу погодоци биле постигнати во периодот од 16 до 30 минута, кога дури 20 пати се треселе мрежите на голманите. Најсушен период од 15 минути за голови е од 31 до 45 минута кога имало само девет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести