Селекторот на турската репрезентација, Винченцо Монтела, по поразот на турскиот тим од Холандија со 1-2 и елиминацијата од ЕВРО 2024, рече дека им фалело искуство за да направат уште некој чекор напред.
„Бидејќи бевме најмладиот тим на турнирот, не можевме да се потпреме на искуството. Можевме и подобро во одредени моменти. Навивачите од сите неутрални земји почнаа да нè сакаат. Треба да бидеме горди на себе. Можевме подобро, бевме многу блиску до победа, но за жал таков е фудбалот. Мислам дека сме меѓу петте најдобри репрезентации во Европа“, изјави Монтела.
Турците одигра пет натпревари на Европското првенство, имаше три победи и два порази, со гол разлика 8-8.
Капитенот Хакан Чалханоглу рече дека е добар знак што навивачите им дале овации и ги поздравиле со овации. После поразот во Берлин, претседателот Реџеп Таип Ердоган влезе во соблекувалната и им честиташе на играчите и стручниот штаб за претставувањето на ЕП.