Турција не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското фудбалско првенство, откако синоќа со 2:1 загуби од Холандија. Турците имаа предност од 1:0 до 20-тина минути пред крајот, но во завршницата, Холандија за само неколку минути постигна два гола и го сврте резултатот во своја корист.
До крајот на дуелот Турција имаше неколку можности за израмнување, но не успеа, па нивниот пат на континенталниот собир заврши во четвртфиналето. Веднаш по поразот, дел од турските медиуми го обвинија селекторот Винченцо Монтела.
„Господине Монтела, буквално нѐ упропасти. Речиси половина час тимот плачеше да биде направена замена. Дали мораше да дојде резултатот 2:1 за да има замена? Доста ни е од препотентни тренери како вас. Ја уништивте златната генерација“, беше пораката од познатата новинарка Елис Бусе Арак.
Лут на Монтела беше и некогапниот турски репрезентативец,а сега тренер, Серген Јалчин.
„За жал, изборот на Монтела ја упропасти оваа генерација. Можам се да разберам, но како да се толерира Кенан Јилдиз кој не направи ништо позитивно на турнирот?“, беше реакцијата на Јалчин.
По мечот, Монтела објасни дека Турција го имала најмладиот тим на турнирот и им фалело искуство за да модат чекор напред.