Темни облаци над Ферстапен, како против дождот и тројцата Британци пред него? (Фото)

Денешната трка од Формула 1 шампионатот која ќе се вози на патеката Силверстоун за Големата награда на Велика Британија, може да биде една од најинтересните годинава, сите предуслови за такво нешто постојат.

Ако врне дожд и денеска, можни се секакви заплети и изненадувања.

Како ретко кога во последните две сезони, доминантниот шампион Макс Ферстапен не е главен фаворит за победа, а причината е што тој не се прослави на квалификациите кои се возеа на променливо време, па заврши дури како четврти. Пред Макс ќе стартуваат тројца Британци кои горат од желба да победат на домашен терен.

Џорџ Расел и Луис Хамилтон, двајцата од Мерцедес, тргнуваат од првиот ред, но квотите велат дека главен кандидат за победа е Ландо Норис од Мекларен кој имаше трето време на квалификациите.

Sport Life нуди огромен број на игри и опции за обложување. Може да погодувате кој ќе победи, дали некој ќе се најде на подиумот, дали некој ќе освои поени, од кој тим ќе биде првиот болид што ќе се откаже од трката, кој прв ќе влезе во бокс, кој ќе има најбрз круг, тука се и дуелите, и многу други игри.

- Оглас -

Најнови вести