Синот на Леброн се посрамоти во дебито за Лејкерс (Видео)

Брони Џејмс, син на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс го одигра првиот меч во дресот на НБА тимот Лос Анџелес лејкерс. Младиот Џејмс кој минатата недела беше избран како 55 пик на драфтот, не се прослави во дебито.

На меч од Летната лига во сан Франциско, Лејкерс загуби од Сакраменто со 108:94, а Брони Џејмс мечот го заврши со само четири поени за 22 минути поминати на теренот.

Во офанзивниот дел, Брони беше очаен и имаше само 22 отсто реализација. за два поени погоди два од шест шута, додека за тројка ги промаши сите три шута. Ниту во дефанзивата тинејџерот не се прослави, па неколку пати беше „изместен“ со дриблинзи на противниците.

https://twitter.com/i/status/1809699250327953692

По мечот, Брони имаше оправдување за лошиот настап. Едноставно бил нервозен и под притисок.

„Имав пеперутки во стомакот, баш како секогаш кога ќе поминам на повисоко ниво да играм“, рече Брони по поразот во првиот меч одигран во дресот на НБА тимот на ЛА лејкерс.

Во Лејкерс Брони ќе игра заедно со неговиот татко Леброн Џејмс. Тоа би било историски момент затоа што никогаш претходно во НБА лигата не се случило во еден ист тим да играат татко и син. Леброн моментално е на подготовки со репрезентацијата на САД, која е апсолутен фаворит за освојување на златото на ЛОИ во Париз.

- Оглас -

Најнови вести