Европското првенство се доближува кон завршницата, па веќе стигнуваат оценките и реакциите за тоа како помина овој континентален собир. Многумина се разочарани од тоа што го видоа на овој турнир, а италијанскиот новинар Карло Гарганезе имаше жестоки критики.
„Ова ЕП е со најлош квалитет од сите ЕП и СП во мојот живот. Сите големи селекции освен Шпанија и Германија беа лоши за гледање. Каде се суперѕвездите? Каде се напаѓачите и дриблерите? Фудбалот е во голем пад во последните 20 години. Играчите се како роботи. Физички се подготвуваат и тоа е тоа“, напиша новинарот Карло во својата оценка за тоа како е задоволен од ЕП 2024.
На овој турнир има мал број на голови, посебно откако почнаа калкулациите. Од третото коло во квалификациите па се до полуфиналето беа одиграни 24 меча, а на дури 18 немаше повеќе од два гола, што доволно зборува за лошиот квалитет и неатрактивната игра.
Во полуфиналето ќе играат Шпанија – Франција и Англија – Холандија.