Тијаго Алкантара ја заврши кариерата на само 33 години

Шпанскиот фудбалер Тијаго Алкантара реши дека е време да ја заврши кариерата, иако има само 33 години. На играчот за врска му заврши договорот со Ливерпул и едноставно не сака да бара нов клуб. Главна причина за одлуката да оди во пензија се честите повреди кои Шпанецот ги имаше во последно време.

Минатата сезона Алкантара одигра само пет минути на еден меч, а претходната сезона одигра едвај 28 натпревари, најчесто како резерва.

Шпанецот кој е роден во Италија, кариерата ја започна во Барселона, а во 2013 година направи трансфер во Баерн Минхен, за да на крајот кариерата ја заврши во Ливерпул.

На многу трофеи се радуваше Алкантара во кариерата. Има две титули во Лигата на шампиони, четири пехари во Примера дивисион, по еден пехар во Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, УЕФА Суперкупот и ФА Купот на Англија. Светското клупско првенство го освојуваше два пати, во Бундеслигата се радуваше на седум пехари, четири пати го освојуваше Купот на Германија, а двата се радуваше и на германскиот Супер куп. Тоа се дури 27 трофеи во кариерата на Алкантара, кој има и 46 настапи за Шпанија, а постигнал и два гола.

- Оглас -

Најнови вести