Нови проблеми за Шпанија: Олмо е неизвесен за дуелот со Франција?!

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се соочува со големи проблеми околу составот за полуфиналето против Франција. Веќе е извесно дека Педри ќе биде надвор од терените подолго време, откако се повреди после стартот на Тони Крос. Дани Карвахал има црвен картон, а дефанзивецот Ле Норман е суспендиран поради жолти картони.

На повреда се жали и Начо, но тој веројатно ќе биде подготвен до вторник. Најновиот проблем на списокот на Де ла Фуенте е Дани Олмо, кој беше најзаслужен за елиминацијата на Германија. Олмо влезе во игра во осмата минута на местото од повредениот Педри и со гол и асистенција го реши домаќинот на Европското првенство, но и тој се повреди во финишот од мечот, па сега неговиот настап е неизвесен, а лекарската екипа на „црвената фурија“ прави напори да го оспособи за мечот против Франција.

- Оглас -

Најнови вести