Историја во Париз: После 37 години срушен рекордот на Стефка Костадинова (Видео)

Украинската атлетичарка, Јарослава Махучик, влезе во атлетската историја, откако на митингот од Дијамантската лига во Париз успеа да го сруши легендарниот рекорд на бугарката Стефка Костадинова во скок во височина.

Бугарската атлетичарка во 1987-мата година прескокна 209 сантиметри, а украинката денес од прв обид успеа да ја прескокне летвичката која беше поставена на 210 сантиметри. Многу атлетичарки се обидуваа да го соборат овој рекорд на Костадинова, но најблиску беше хрватката Бланка Влашиќ која успеа да дојде до 208 сантиметри, односно еден сантиметар помалку од бугарката.

https://twitter.com/TrackGazette/status/1809967181469270258?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1809967181469270258%7Ctwgr%5Ec563cd16e0fcb7e8461c18ccfc2bff7959627264%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fatletika%2Fyaroslava-mahuchikh-svjetski-rekord%2F477740

- Оглас -

Најнови вести