Митингот од Дијантската лига во Париз донесе уште еден светски рекорд. Откако во пладневната сесија, украинката Јарослава Махучик, го сруши легендарниот рекорд стар 37 години на бугарката Стефка Костадинова во скок во височина, сега падна уште еден рекорд, овојпат во тркачките дисциплини.
Атлетичарката од Кенија, Фејт Кипјегон, го подобри својот светски рекорд на 1.500 метри, откако победи со време од 3:49.04, што е подобро за седум стотинки од претходниот рекорд кој го постави минатата година на митингот во Фиренца.