Руди Фернандес испиша историја: Прв кошаркар со учество на шест Олимпијади

Репрезентацијата на Шпанија со победата над Бахамите обезбеди пласман на кошаркарскиот турнирот на Летните олимписки игри во Париз. Оваа победа значеше и историски подвиг на Руди Фернандес, кој стана првиот кошаркар кој ќе учествува на шест Олимпијади.

Шпанскиот кошаркар со овој подвиг позади себе ги остава седмината кои застанаа на пет учества, но веќе се пензионирани. Руди Фернандес на Олимписките игри дебитираше во 2004-тата година во Атина, а од тогаш настапи на сите Олимпијади, каде освои две сребрени и еден бронзен медал.

- Оглас -

Најнови вести