Пет совети и предлози вредни вкупна квота од 46.97

5602 Ал-Итихад – Пирамидс (16.30 часот)

Пирамидите се првопласирани во моментов во египетското првенство, имаат само еден пораз во 26 кола, ги добија последните пет меча, па јасно е дека се фаворити против Ал-Итихад од Александрија, кој веќе седум кола по ред не знае за победа и има 27 бода помалку од Пирамидс, и тоа од три одиграни натпревари повеќе. Пирамидс ја има и најдобрата одбрана во лигата и тешко дека ќе прими повеќе од еден гол.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.01)

 

2706 Интер Турку – Лахти (17.00 часот)

Интер победи во претходното коло, има три триумфи во последните пет кола и дуелот со „фенерџијата“ на табелата, Лахти, е убава шанса да се продолжи позитивниот тренд на собирање бодови и да се продолжи битката за места во плејофот наместо во плејаутот. Лахти е последен само со една победа на 13 меча. Тие се најнеефикасен тим во финската лига, но во претходните три кола одиграа нерешено, и тоа беа ефикасни средби кои завршуваа со 2-2 или 3-3. Пред еден месец во Лахти, Интер победи со 2-0.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.08)

 

2507 Стромсгодсет – Сандефјорд (19.00 часот)

Домашните имаат серија од четири кола без пораз, после двете победи, врзаа две ремија по ред, а Сандефјорд е последен на табелата во Норвешка и има два порази по ред и само две победи во 13 кола. Сандефјорд е поефикасен од половина тимови во лигата, но лошо им се распоредени головите, па собраа само 9 бода на 13 меча. Стромсгодсет има 9 бода повеќе од гостинот, но и еден меч помалку. Тие не се тим кој се истакнува со ефикасност.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.24)

 

2607 Норшепинг – Ѓургарден (19.00 часот)

На овој меч гостите се фаворити. Ѓургарден се бори за титула, но во минатото коло претрпеа пораз и сега се на седум бода минус од лидерот Малме. Ѓургарден има само едно реми на 12 меча. Норшепинг освои само еден бод во последните пет кола, тие се тим со најслаба одбрана во лигата, со 32 примени гол на 12 меча. Норшепинг не успеваше да даде гол на претходните два меча дома против Ѓургарден.

Предлог тип: 2 & Т2 2+ (2.09)

 

4230 Росарио – Баракас сентрал (21.00 часот)

Ова е дуел од 16-финалето на Купот на Аргентина, а победникот во осминафиналето ќе игра со Гимназија Ла Плата. Мечот се игра на неутрален терен во Буенос Аирес. Овие екипи последен меѓусебен дуел имаа во март, тогаш Баракас како гостин победи со 2-1. Росарио е фаворит на хартија, тие стојат подобро од Баракас и во првенството, каде што трипати одиграа нерешено во пет кола.

Предлог тип: ГГ (2.40)

- Оглас -

Најнови вести