Претставена топката со која ќе се игра завршницата на ЕВРО 2024, ќе биде поврзана со ВАР-собата

Во Берлин беше претставена топката која ќе се игра полуфиналето и финалето на ЕВРО 2024.

Технички, топката е иста како онаа што се користеше и досега во текот на целиот турнир, само што е „освежена“ со нови визуелни елементи.

Нејзината посебност се рефлектира во тоа што може да го открие секој контакт, па секогаш кога играчот ќе допре, ќе шутне или ќе дрибла, сензорот ќе регистрира и ќе испраќа сигнал.

Чип ќе ја мери брзината на топката, како и други параметри, како ротација и траекторија.

Fussballliebe Finale е првата топка која содржи технологија Connected Ball и е поврзана со ВАР-просторијата.

Овие иновации, во комбинација со позиционирањето на играчите и вештачката интелигенција, ќе придонесат за подобрување на полуавтоматската офсајд-технологија.

Шпанија и Франција утре од 21 часот го играат првото полуфинале, в среда во истиот термин силите ќе ги одмерат Англија и Холандија, додека финалето е закажано за недела на 14 јули во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести