Медведев му се закани на Синер: Најдобро играм против тенисери кои се први на АТП

Рускиот тенисер Данил Медведев речиси без борба се пласира во четвртфиналето на Вимблдон. Во осминафиналето неговиот противник Григор Димитров се предаде во финишот на првиот сет поради повреда, а сега за популарниот Медо следува дуел со светскиот рекет број 1, Јаник Синер.

Медведев вели дека секогаш игра подобро против играчите кога се број 1.

„Никогаш не сме играле со Синер откако стана број 1, а јас играм подобро против такви тенисери. Сега тој игра подобро и прави помалку грешки. Кога Јаник се појави на тур, целиот свет беше малку изненаден туку поради брзината на движење и моќта со која ја удира топката од сите позиции на теренот. Многу грешеше и затоа често губеше. Штом го намали бројот на грешки, стана многу потешко да го победите. Затоа стана прв во светот. Но, јас сум поуспешен против тенисерите кои се број 1, така вели статистиката“, изјави Медведев.

Според Медведев, сервисот може да биде пресуден.

„Предност ќе има тој што ќе успее да сервира подобро. Федерер и Ѓоковиќ отсекогаш ме импресионирале со нивните сервиси бидејќи не сервираат со 230 километри на час, но се неверојатно прецизни и остри. Многу е тешко да им направите брејк. Затоа на Вимблдон победија толку многу пати. Морам добро да сервирам против Синер“, рече рускиот тенисер.

- Оглас -

Најнови вести