Специјализираните тениски сајтови Tennis 365 и Tennis.com предвидуваат потенцијален „шокантен пораз” за најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Тој вечерва се среќава со Данецот Холгер Руне во осминафиналето на престижниот гранслем-турнир во Лондон.
Ѓоковиќ не изгледа убедливо досега, наведува „Tennis 365“ и би можел да доживее пораз пред финалето, особено поради операцијата на коленото од 5 јуни. Нивниот фаворит за победа на Вимблдон е Карлос Алкарас.
Од друга страна, Tennis.com прогнозира победа за Холгер Руне против Ѓоковиќ.
„Руне има силен сервис, може да погоди сè од основната линија и има доверба во себе. Тој е еден од ретките тенисери кои се чувствуваат како да се подобри од Ѓоковиќ кога играат против него“, пишува Tennis.com.