Младинскиот репрезентативец Марко Алчевски кариерата ја продолжува во Израел. Тој вчера потпиша договор со Хапоел Ерусалим, а денеска беше презентиран во новата средина.
„Среќен сум што потпишав за Хапоел Ерусалим. Убеден сум дека овој клуб е најсоодветно место за мојот развој и возбуден сум што ќе најдам нов дом тука. Ќе дадам сè за тимот да ги оствари своите цели. Ајде Хапоел!“, изјави нашиот голман.
Минатата сезона Алчевски бранеше на 29 натпревари за тимот на Брера, прими 25 гола и на десет натпревари успеа да ја сочува мрежата.