Таткото на младата шпанска ѕвезда Ламине Јамал на социјалните мрежи сподели фотографија и напиша „почетокот на двете легенди“. На фотографијата од 2007 година се бебето Ламине и младиот Лионел Меси. Но, како Меси и Јамал се најдоа на иста фотографија од пред 17 години, кога Ламине бил бебе?
Екипата на Барселона во соработка со каталонскиот весник „Спорт“ и УНИЦЕФ промовирале календар со фудбалерите на Каталонците и бебиња од семејства кои биле заштита на организацијата која е под капата на ООН. Семејствата биле избирани со лотарија, а судбината ги споила токму Ламине Јамал и Лионел Меси.
Според многумина ова е најдобрата фотографија во историјата на Барселона.