Мурињо: Очекував многу повеќе од Португалија на ЕВРО 2024

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, призна дека е разочаран од настапот на Португалија на ЕВРО 2024. „Морепловците“ испаднаа во четвртфиналето од Франција по изведување пенали.

„Го гледам првенството како професионалец. Секогаш кога Турција победуваше, тоа се претвораше во проблем за мене, а кога Португалија победуваше, се радував. Нормално е да има разочарување кога чувствуваш дека си способен на многу повеќе. Португалија располага со огромен потенцијал. Малку погрешив со прогнозата дека големи фаворити се Португалија, Англија и Франција. Два од овие три тима се во полуфиналето“, изјави Мурињо.

„За мене, Шпанија е најголемото изненадување во однос на развојот на тимот. Досега тоа е тимот што игра најдобро. Португалија не импресионираше, иако стигна до четвртфиналето. Очекував повеќе. Бев на стадионот при поразот од Хрватска во последната контрола пред Европското првенство и нешто не беше во ред. Тимот ја помина групата, но беше неубедлив. А потоа дојде часот на вистината и се покажа дека сме неподготвени“, објасни Специјалниот.

„Со исклучок на двајца ветерани, ова е доста млад состав. Пред овие играчи има години во кои можат да постигнат нешто. Светското првенство веќе е зад аголот“, додаде Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести