Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, не би имал ништо против да се воведе укинување на продолженијата, барем за дуелите во осминафиналето и четвртфиналето на ЕП. Шпанија даде гол во 119-тата минута за да се пласира во полуфиналето, но Де ла Фуенте смета дека подобро би било да нема дополнителни 30 минути во првите две кола од нокаут-фазата на континенталниот собир.
„На турнир како што е Европското првенство можеби би било и подобро продолженијата да се укинат“, рече Де ла Фуенте, кој прецизираше дека продолженија би било добро да има само за полуфиналето и за финалето.
Според шпанскиот селектор, ако нема продолженија во осминафиналето и четвртфиналето, фудбалерите ќе ја задржат свежината за подоцнежната фаза од натпреварувањето.
Продолженија нема на Копа Америка, која во моментов се игра во САД. На ова континентално натпреварување ако резултатот по 90 минути е нерешен, веднаш се шутираат пенали.
Шпанија вечерва ќе игра против Франција во полуфиналето на ЕП.