Изненадување во Барселона: Десетката на Меси ќе ја носи фудбалер кого не го сакаат во клубот

Екипата на Барселона утре ги започнува подготовките за новата сезона, а главна вест во шпанските медиуми денес се бројките на дресовите кои ќе ги носат каталонските фудбалери.

Откако беа поделени сите бројки, останаа слободни седум, кои беа резервирани за фудбалерите кои ќе се вратат од позајмица, како и за евентуално новите засилувања. Најголемо изненадување е враќањето на „десетката на Меси“ на Ансу Фати, кој се враќа од позајмицата во Брајтон, но останува неизвесно дали ќе остане на „Камп ноу“.

Фудбалерот кој важеше за наследниот на Лионел Меси ја доби десетката, но воопшто не ги оправда очекувањата, а неговата вредност падна од 80 милиони евра само на 25 милиони евра.

Следната сезона нов број ќе има и Ламине Јамал, кој ќе го носи дресот со број 17 откако од Барселона си замина Маркос Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести