Фуријата ја уништи најдобрата одбрана, Французите ја колнат Барселона

Шпанија има предност од 2-1 во дуелот со Франција по првото полувреме на полуфиналето на Европското првенство благодарение на феноменалниот прецизен шут од 25 метри на тинејџерот Ламин Јамал и автоголот на Жил Кунде, со што беше направен пресврт откако Франција поведе со гол на Рандал Коло Муани.

Јамал, кој в сабота ќе наполни 17 години, стана најмлад стрелец во историјата на Европските првенства.

Французите до пред овој меч на ЕВРО 2024 имаа примено само еден гол, и тоа оној од пенал против Полска, а сега за 25 минути двапати ја вадеа топката од мрежа. На ова ЕП сите три гола кои ги прими Франција ги постигнаа играчи на Барселона (Левандовски, Јамал и Кунде, кој си даде автогол).

 

- Оглас -

Најнови вести