Голем трансфер во најава, Бојан Миовски ќе игра во Лигата на шампионите?

Одличните игри на Бојан Миовски во дресот на Абердин не минаа незабележано, а шкотски медиуми објавија дека интерес за Македонецот има од Болоња, клуб од италијанската Серија А кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Болоња го „мерка“ штипјанецот како нејзина цел бр.1 за да го замени Холанѓанецот Џошуа Циркзе, кој најверојатно си оди и се зборува за трансфер во Манчестер јунајтед.

Абердин во летото 2022 го купи Миовски од унгарскиот МТК за 500.000 фунти, договорот му е до 2026, а сега ако го продаде, шкотскиот клуб ќе заработи многукратно поголема сума од таа за која го купи Бојан. Се зборува дека не би го продале за помалку од 7 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести