Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Германија откако вечерва во Минхен ја победија Франција со 2-1.
Историскиот гол на Ламин Јамал, кој стана најмлад стрелец во историјата на европските првенства, и автоголот на Жил Кунде по шутот на Дани Олмо, им пресудија на Французите.
За Шпанија ова е прво финале по она во 2012 година, кога последен пат беа европски шампиони.
Второто полуфинале се игра утре, во него се среќаваат Англија и Холандија.