6784 Лудогорец – Динамо Батуми (20 ч.)
Бугарскиот првак е многу поискусен во европските купови од грузискиот тим и треба без многу проблеми да стигне до триумф во овој меч од квалификациите за ЛШ. Динамо Батуми ја започна сезоната со мечеви во Суперкупот на Грузија, каде што загуби во полуфиналето.
На шест од последните седум меча кои Динамо ги одигра беа со гол-гол 3+, а на пет имаше дури и по 4+ погодоци.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.99)
6781 Флора – Целје (18 ч.)
Предноста на Флора е тоа што првенството во Естонија е во полн ек и тимот е во натпреварувачка форма. Сепак, Флора е далеку од првото место во домашното првенство, што е само уште еден доказ дека овој тим нема достоен квалитет да биде конкурентен на европска сцена.
Целје е гостин, еден и пол месец нема одиграно меч од натпреварувачки карактер, но сепак словенечкиот тим е фаворит за победа.
Предлог тип: 2&0-3 (2.16)
6786 Динамо Минск – Пјуник (20:45 ч.)
Првакот на Белорусија е во одличен натпреварувачки ритам. Има осум победи и едно реми во последните девет кола, а е лидер во домашното првенство без ниту еден пораз во 15 средби.
Откако заврши првенството во Ерменија, Пјуник повеќе од еден месец нема одиграно ниту еден меч, што секако може да биде проблем. Ова ќе биде дуел на две екипи со сличен квалитет и може да биде неизвесно.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.26)
6051 Холандија – Англија (21 ч.)
Според имињата на фудбалерите со коишто располагаат двата тима, ова треба да биде фудбалско шоу. Дека кога ќе се стигне во оваа фаза нема многу калкулации, покажаа Шпанија и Франција кои синоќа одиграа возбудлив меч кој заврши 2:1.
Во 21 век овие две селекции одиграле девет средби, а интересно е дека дури петпати било нерешено, Холандија се радувала трипати, а Англија само еднаш била подобар тим.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.55)
6787 Борац Бања Лука – Егнатија (21 ч.)
Ова се два тима коишто негуваат дефанзивен фудбал, без многу голови и едноставно најважно им е да се одбранат. Фактот дека влогот е пласман во следната фаза од квалификациите во Лигата на шампионите, може да се очекува претпазлива игра од двете страни.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.21)