Шпанија прва со шест победи на едно ЕП, повредата на Педри го исфрли најдоброто од Олмо

Шпанија со победата над Франција стана првиот тим во историјата на европските првенства кој победил на шест меча по ред на едно ЕП. Црвената фурија заслужено дојде до финалето, покажа најмногу и направи историски потфат кој досега не му успеал никому.

Една од тајните на успехот на Шпанија е што разновидна им е листата на стрелци (деветмина различни играчи дадоа гол) и придонесот на резервите. Дани Олмо е еден од оние јунаци кои не беа стартери на првите мечеви, но има три гола (и вечерва автоголот на Кунде од УЕФА му го запишаа како гол на Олмо) и две асистенции.

По повредата на Педри во првите минути на средбата против Германија, Олмо влезе во игра и даде гол, а вечерва Олмо беше стартер и повторно даде гол, овојпат вреден место во финале на ЕП.

И од Динамо Загреб не го заборавија своето дете Олмо (за хрватскиот првак играше од 2015 до 2020 година), па вечерва Модрите обавија негова слика со наслов: „Горди“.

- Оглас -

Најнови вести