Германците не можат да се помират со елиминацијата: Му свиреа на Кукуреља на секој допир со топката

Моментот од 107-мата минута на дуелот помеѓу Германија и Шпанија, кога дефанзивецот на Црвената фурија, Марк Кукуреља, играше со рака, но судијата Ентони Тејлор не досуди пенал, продолжува да ја бранува јавноста во земјата домаќин на Европското првенство.

„Ја допрев топката, вистина е, но во вакви ситуации постојат луѓе кои одлучуваат дали е тоа пенал или не. Секогаш ги почитувам судиските одлуки, во спротивно можам да кажам дека Тони Крос заслужи црвен картон“, рече дефанзивецот по натпреварот.

Германците кои се најдоа на трибините на полуфиналето помеѓу Шпанија и Франција постојано му свиреа на Кукуреља при секој негов допир на топката. Осуда за ваквото однесување на публиката пристигна од соиграчот на Кукуреља, Дани Вивијан.

„Срамота, ниту еден играч не го заслужува тоа. Да дојдеш на стадион за да свириш е недостаток на почит кон луѓето кои само си ја вршат својата работа“, порача фудбалерот на Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести