Добриот син на Васко се врати дома, Кутињо повторно во својот матичен клуб!

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо по 14 години повторно ќе игра за својот матичен клуб Васко да Гама, овојпат како позајмен од Астон вила.

Кутињо како јуниор беше во Васко, а од 2008 до 2010 играше за клубот од родниот Рио де Жанеиро како позајмен од Интер. Во Европа Кутињо најдобрите партии ги прикажуваше од 2013 до 2018 година во Ливерпул, по што направи богат трансфер во Барселона. Во Барса почна неговиот пад во формата, иако во 2020 како позајмен во Баерн ја освои Лигата на шампионите.

За Астон вила потпиша во 2022, а во 2023/2024 го позајмија во Ал Духаил.

„Кај мене има силно чувство на среќа, радост и возбуда. Долго време живеев во странство, па навистина е убаво чувството да се вратам дома, во местото каде што сум израснат, во местото што го сакам, клубот што го сакам. Сите знаат колку сум среќен што се вратив“, изјави новото засилување на Васко.

- Оглас -

Најнови вести