Кефрен Турам официјално му се приклучи на Јувентус, пристигнувајќи во Торино од Ница, потпишувајќи петгодишен договор.
Кефрен е роден во Реџо Емилија, кога неговиот татко Лилијан играше за Парма. Кога Кефрен беше неколкумесечно бебе, семејството Турам се пресели во Торино и Турам сениор заигра за Јувентус. Сега, 23 години подоцна, Кефрен повторно се враќа во градот во којшто порасна.
На 167 настапи за Ница, Кефрен даде девет гола и имаше 11 асистенции. Во неговите пет години таму собра повеќе настапи во Лига 1 од кој било од неговите соиграчи. Во март 2023 го имаше и своето деби за А тимот на Франција.
Неговиот брат Маркус настапи на Европското првенство во Германија, а и Маркус игра во Италија, во Интер, па ќе има братско дерби.