Англија и Холандија играат 1-1 во Дортмунд по првото полувреме во полуфиналната пресметка на ЕВРО 2024. Финалистот и понатаму е апсолутно неизвесен и допрва ќе следува голема битка на „Сигнал Идуна парк“.
Чави Симонс во седмата минута донесе водство за Холанѓаните со одличен удар.
Но, возврати брзо и Англија, и тоа од пенал. Хари Кејн беше успешен реализатор на ударот од 11 метри во 18-тата минута.
По ова, и двете селекции продолжија офанзивно. Дамфрис погоди дирек, но и Фил Фоден ја погоди рамката од голот на Холандија.