Беќири: Шкендија по традиција игра добро во Европа и ние ќе се потрудиме тоа да го продолжиме

Македонскиот претставник Шкендија утре во Ерменија го стартува патот во квалификациите на Конференциската лига. Ривал на тетовскиот тим е ерменскиот клуб Ноа, а тренерот Јетон Беќири верува дека Шкендија ќе се претстави во добро издание и ќе извлече позитивен резултат.

„Шкендија неколку пати низ историјата се соочила со ерменски екипи. Имаме апсолутен респект за ерменскиот фудбал и за екипите од оваа земја. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе, имаме информации за противникот иако составите секако се менуваат секое лето. Шкендија по традиција игра добро во Европа и ние ќе се обидеме да ја продолжиме таа традиција“, изјави тренерот на Шкендија.

Натпреварот меѓу Ноа и Шкендија од првото квалификациско коло во Конференциската лига се игра утре (18 часот), на стадионот „Абовјан“ во Ереван.

 

 

- Оглас -

Најнови вести