Направена пресметка какви се шансите некој од македонските преставници да игра во групна фаза на УЕФА натпреварување

Струга Трим Лум вчера загуби со 4:2 на гости кај Слован Братислава во првиот меч од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Денеска уште два македонски тима ќе имаат свои настапи на евросцената, и тоа во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Педантните статистичари на платформата Football Meets Data направиле дури 10.000 пати симулација за тоа кои клубови од квалификациите имаат шанси да влезат во групната фаза од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Македонија со Струга ТЛ е дел од квалификациите во ЛШ, а пресметките велат дека шампионот има само 0,1 отсто шанси да игра во групната фаза од ЛШ. Сепак, поголеми се шансите Струга да игра во групната фаза од пониско натпеварување. За настап во групна фаза од Лигата на Европа шансите се проценуваат на два отсто, додека солидни 16 отсто се шансите Струга ТЛ оваа сезона сепак да игра во групна фаза, и тоа во Конференциската лига.

Што се однесува до Шкендија и Тиквеш, тие може да се надеваат само за настап во Конференциската лига. Шкендија е само со еден отсто шанси дека ќе игра во групната фаза од Конференциската лига, додека шансите на Тиквеш, кој е дебитант во еврокуповите, е со шанси од 0,1 отсто дека ќе игра во групната фаза на ова натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести