Холандија не успеа да дојде до пласман во финалето откако загуби со 2-1 од Англија во полуфиналето на Европското првенство. Чави Симонс со фантастичен погодок во седмата минута ги донесе Лалињата во водство, но Хари Кејн израмни на 1-1 во 18-тата минута од пенал. Токму тој момент предизвика големи полемики. Холанѓаните протестираа во текот на целиот натпревар, а Оли Воткинс во 90-тата го постигна победничкиот гол на Англија, што само дополнително ги разгневи холандските репрезентативци.
Протестите на репрезентативците на Холандија се однесуваа и на други ситуации, за кои сметаа дека се оштетени, а еден од оние кои заработи жолт картон, Вирџил ван Дајк, по натпреварот имаше свој коментар за судијата Феликс Звејер од Германија.
„Судијата истрча кон соблекувалната во истиот момент кога означи крај на натпреварот, мислам дека тоа многу говори за него“, рече Ван Дајк.