Милан се договори со француски репрезентативец од Монако

Италијанскиот калчолигаш Милан постигна договор со играчот од средниот ред на Монако и француски репрезентативец Јусуф Фофана, објави „Скај Спорт Италија“.

Дваесет и петгодишниот фудбалер ја прифати понудата на италијанскиот клуб и е подготвен да потпише петгодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона. Меѓутоа, отштетата за трансферот на играчот од средниот ред може да претставува пречка за реализација на договорот.

Според информациите на „Скај Спорт Италија“, Монако е подготвен да го продаде фудбалерот само доколку добие отштета од 25 милиони евра.

Во сезоната 2023/24, Јусуф Фофана учествуваше во 32 натпревари за Монако во француското првенство, постигна четири гола и забележа четири асистенции. Договорот на играчот со Монако има важност до летото 2025 година.

Јусуф Фофана е поранешен играч на Стразбур, од каде што премина во Монако во сезоната 2019/20.

 

- Оглас -

Најнови вести