Хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ (31 год, 205 см) и во следниот период ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром откако го обнови договорот со клубот од „Јане Сандански“.
Станува збор за крилен центар, кој беше еден од најзаслужните за освојување на двојната круна во минатата сезона. Тој имаше забележителни партии и во АБА2-лигата, каде што на 16 меча на кои настапи просечно реализираше 11,3 поени заедно со 4,9 скока.
Баковиќ во Аеродром дојде од таборот на Цибона, а претходно има играно за Горица, како и за исландскиот тим Тор.
Хрватот е осмиот кошаркар под договор за претстојната сезона во МЗТ Скопје Аеродром, а трет кој летово ја обнови соработката, по браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Во ростерот на Mеталците сè уште и новото засилување од САД, Брандон Слај, како и староседелците Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.