Дани Олмо по ЕВРО 2024 има пет дена да го комплетира трансферот во Манчестер сити

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо веднаш по завршувањето на Европското првенство ќе го реализира трансферот во Манчестер сити, откриваат шпанските медиуми. Тој беше голема желба и на Барселона, но каталонскиот гигант во моментот не е во можност да ја плати отштетната клаузула од 60 милиони евра кон Лајпциг.

Интересно е што и раководството на Лајпциг реши да му излезе во пресрет на Олмо и ја продолжи клаузулата од 60 милиони евра за уште пет дена, па наместо да истече на 15, истекува на 20 јули.

Тоа е сосема доволно време за да се заврши сета потребна документација и да се официјализира еден од најзвучните трансфери ова лето. Дани Олмо речиси сигурно од август го очекува соработка со Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести