Ерменскиот Ноа го победи македонскиот вицепрвак Шкендија со 2-0 во првиот меч од првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Реваншот е за една недела во Скопје, а тетовци ќе имаат тешка задача против Ерменците, кои головите ги дадоа во 81-вата и 90-тата минута. Стрелци беа Португалецот Грегорио и Бразилецот Пабло, а двата гола беа постигнати со глава откако Шкендија во својот петерец губеше воздушни дуели.
За Ноа играат и неколкумина фудбалери кои настапувале во Македонија, како Чинари, кој лани беше токму во Шкендија, и некогашните вардарци Хамбарѕумјан и Дашјан.