Ибрахим Зубаиру, кој е едно од четирите засилувања на Партизан во летниот преоден рок и потпиша договор на четири години, во иднина би можело да игра за репрезентацијата на Србија.
Овој крилен напаѓач од Гана има 20 години, а минатата сезона одигра 36 натпревари во Првата лига на Србија за Јединство од Уб и имаше 13 гола и седум асистенции. Тој во Јединство е од 2022 година, а ќе добие и српски пасош.
Зубаиру нема играно за А тимот на Гана, па во иднина ќе може да добие повик да игра за Србија. Голем плус за Партизан е што Зубаиру уште нема 21 година, па тренерот Станојевиќ ќе може да го користи како бонус играч поради правилото за задолжителен настап на младинец.