Холандскиот фудбалер Јан Матсен го прекина својот луксузен одмор во Грција кога по повредата на Теун Копмајнерс беше дополнително поканет од селекторот Роналд Куман да се приклучи на холандската репрезентација на подготовките на ЕВРО 2024, но на крајот не одигра ниту една минута на ЕП.
Матсен се релаксираше на островот Миконос со својата девојка Емели на јахта од 500.000 фунти, а кога доби повик да го замени повредениот Копмајнерс, веднаш замина.
Татко му возел шест часа до Германија за да му донесе копачки и друга опрема, но тоа било залудно. Овој 22-годишен фудбалер не доби шанса за настап и не одигра ниту една минута на ЕП, на кое Холандија испадна во полуфиналето.
Инаку, Матсен одигра извонредна полусезона во Борусија Дортмунд откако пристигна на позајмица од Челзи. Во новата сезона тој ќе настапува за Астон вила.