Контроверзниот италијанскиот напаѓач Марио Балотели ја напушта Европа и се сели во Бразил. Тој во иднина ќе биде фудбалер на славниот бразилски клуб Коринтијанс.
Триесет и тригодишниот напаѓач треба да потпише двегодишен договор, според кој ќе заработува три милиони евра по сезона.
Балотели е слободен играч откако му заврши договорот со турскиот прволигаш Адана.
Поранешниот италијански репрезентативец, кој за националниот тим постигна 14 гола на 36 натпревари, во кариерата настапуваше и за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Олимпик Марсеј.