Голем инцидент се случи во Бразил за време на дуел меѓу младинските екипи на Гремио Анаполис и Сентрал-оасте во втората лига на натпреварувањето. Во еден момент настана мешаница во која беа вклучени играчите, но не делуваше дека може да се случи поголем инцидент.
Во тој момент еден од полицајците ,кој беше во близина на фудбалерите, го репетираше оружјето што го носеше и без никаква претходна опомена и најава, пукаше директно во ногата на голманот на домаќините, Рамон Соуса.
Голманот беше ранет со гумен куршум, но повредата е сериозна. Овој инцидент предизвика шок кај многумина, посебно поради тоа што полицаецот пукаше без никакво претходно предупредување.